Услуги

Техногума-Скопје располага со комплетно опремена алатница, која што нуди изработка на метални производи по нарачка, за разни потреби. За таа цел се изведуваат повеќе методи на машинска обработка на универзални и CNC машини како глодање, стругање, дупчење, сечење, брусење, гравирање, и тн. под раководство на искусни конструктори и алатничари.

Дупчење

Во зависност од Вашите потреби, нашата фирма е опремена и со прецизни машини за отварање на отвори со различни големини.

Брусење

За процесот на брусење нашата фирма располага со брусалки кои изведуваат рамно и цилиндрично брусење, со што се добиваат квалитетни, финални производи по највисоки стандарди.

Обработка на ерозимат

Обработка на ерозимат (сечење со жица) претставува процес кој се изведува на компјутерски управувана машина. Со помош на истата се изработуваат висококвалитетни алати, со прецизно обработена површина која е од огромно значење во натамошниот процес на изработка на финалниот производ.

Глодање и стругање

Процесите на глодање и стругање претставуваат почетна фаза за симнување на материјалот кои што овозможуваат едноставна и комплексна обработка на површини, за чија што изведба располагаме со повеќе видови на квалитетни машини.

© Copyright 2019. Developed by Synapse